САКАЛ ДА ГИ ПРАЗНИ СМЕТКИТЕ НА ТУРИСТИТЕ ВО ДУБРОВНИК Бугарин уапсен со уреди за крадење картички и ПИН-кодови

Бугарски државјанин е уапсен во Дубровник под сомнение дека поставувал скимери на банкомати за крадење податоци од банкарски картички и ПИН-кодови на туристи и граѓани.

82

Полицијата во Дубровник полиција уапси 55-годишен државјанин на Бугарија, осомничен дека поставувал уреди за скимирање на банкомати во старото градско јадро на Дубровник, со цел неовластено прибирање податоци од банкарски картички и ПИН-кодови на корисниците.

Според информациите од полицијата, осомничениот се товари за продолжено кривично дело изработка, набавка, поседување, продажба или ставање во употреба средства за злоупотреба на безготовински платежни инструменти, како и за оштетување туѓи предмети.






Истрагата покажала дека осомничениот, во периодот од 16 мај до 14 јули, во изнајмен апартман во Дубровник изработил девет импровизирани уреди за читање податоци од платежни картички, познати како скимери.

Полицијата сомничи дека изработил и осум куќишта со вградени импровизирани уреди за снимање и складирање податоци, кои по изглед одговарале на делови од банкомати. Овие уреди, според истрагата, биле поставувани во отворите за вметнување картички или над тастатурите на банкомати во централното градско подрачје.

При претресот на апартманот каде што престојувал осомничениот, полицијата пронашла и уред наменет за читање, запишување и бришење податоци од магнетни ленти, како и повеќе од 80 предмети за кои се сомнева дека биле поврзани со кривичните дела.

Според хрватската полиција, осомничениот во втората половина на мај на повеќе банкомати поставил силиконски предмети во отворите за картички, со што го оневозможил нормалното користење на механичкиот читач.

Се сомнева дека на овој начин ги насочувал корисниците кон банкомати на кои претходно веќе поставил скимери, со кои можел да ги прибира податоците од нивните картички и ПИН-кодовите.

Од полицијата информираат дека уредите биле навремено откриени и отстранети, со што било спречено понатамошно злоупотребување на прибраните податоци.

Осомничениот бил приведен и со кривична пријава предаден во притворската единица на Полициската управа дубровничко-неретванска. Криминалистичката истрага продолжува.

Хрватската полиција ги советува граѓаните и туристите при користење банкомати секогаш да обрнат внимание на необични или дополнително поставени делови на уредот.

Особено внимание треба да се посвети на:

– делови околу отворот каде се вметнува картичката;

– необични додатоци над тастатурата;

– лабави или неприродни делови на банкоматот.

При внесување на ПИН-кодот, се препорачува тастатурата секогаш да се покрие со рака за да се спречи евентуално снимање.

Доколку постои сомневање за измама или злоупотреба на банкарска картичка, граѓаните треба веднаш да ја известат полицијата и својата банка.

Поврзани содржини