ДРАМА ВО АВИОН ШТО ЛЕТАЛ КОН ДУБРОВНИК Поради напукнат прозор бил принуден да слета

Авионот безбедно слета на аеродромот во Виена, а за патниците е обезбеден друг авион за продолжување на патувањето, објави порталот „Дубровачки дневник“.

0

Драма се случувала на летот од Осло кон Дубровник, откако напукнал еден од прозорците на патничкиот авион на норвешка авиокомпанија, поради што авионот бил принуден да слета во Виена. Авионот безбедно слетал, а за патниците е обезбеден друг авион за продолжување на патувањето, објави порталот „Дубровачки дневник“.

Авионот на летот DY1922 на авиокомпанијата Norwegian Air Shuttle полетал од Осло во 6:45 часот, а на аеродромот „Руѓер Бошковиќ“ во Дубровник требало да слета околу 9:40 часот. Сепак, како што пренесува локалниот портал „Дубровачки дневник “, за време на летот напукнал еден од прозорците, поради што екипажот донел одлука за вонредно слетување на Меѓународниот аеродром во Виена.






Поврзани содржини