🎥 ПРИНЦОТ ХАРИ Ѝ СЕ ЈАВИ НА МЕГАН СРЕДЕ СНИМАЊЕ НА МАСТЕРШЕФ АВСТРАЛИЈА „Што се случува, да не прекинав нешто важно?“
Војводата од Сасекс ненадејно се вклучи со видеоповик додека неговата сопруга Меган Маркл оценуваше натпреварувачи во емисијата „Мастершеф Австралија“, а публиката беше воодушевена од нивниот разговор
Принцот Хари направи неочекувано гостување во популарното шоу „Мастершеф Австралија“, откако ѝ се јави на сопругата Меган Маркл токму додека траеше снимањето на емисијата.
Меган беше специјална гостинка и член на жирито во епизодата емитувана на 26 јули. Додека заедно со останатите судии ги дегустираше јадењата на натпреварувачите, од продукцијата ѝ го подадоа телефонот, а на екранот се појави принцот Хари.
– Здраво, љубов моја! Тоа е мојот сопруг – вели Меган со насмевка, додека останатите членови на жирито го поздравуваат Хари со мафтање.
Принцот потоа на шега прашал:
– Што се случува? Да не прекинав нешто важно?
Меган му објаснила дека се наоѓаат среде дегустација на јадењата и дека натпреварувачите се исклучително талентирани.
– Посакуваме да беше тука. Јадењата се фантастични. Има и еден лут сос што мене многу ми се допаѓа, но мислам дека за тебе би бил премногу лут – му рекла таа.
Хари, кој во тој момент бил во Канбера на средба со воени ветерани, кусо одговори:
– Уживај. Извини што те прекинав. Сè е во ред тука, ќе се видиме подоцна.
По разговорот, натпреварувачите и членовите на жирито аплаудираат, а еден од учесниците возбудено вели:
– Ова е лудо!
Епизодата била снимена за време на посетата на Меган и Хари на Австралија во април годинава. По завршувањето на разговорот, Меган низ смеа им вели на присутните:
– Шармантен е, нели?
Нејзиното гостување во кулинарското шоу не е случајно. Меган одамна покажува интерес за гастрономијата, а претходно водеше и сопствена кулинарска емисија и учествуваше во други телевизиски проекти поврзани со храна.