СДСМ, ДУИ И ЛЕВИЦА САКААТ ДА СЕ ПРЕТСТАВАТ КАКО ЖРТВИ НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ Манасиевски вели дека затоа пропаднал обидот за измени на Изборниот законик

Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии, вели Манасиевски.

39

СДСМ, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа и не се донесе Изборниот законик, изјави денеска Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

– Провидна е играта на опозицијата. Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии. Иако како никогаш досега имаше простор за консензус и слух од Владата, тие одбраа опструкции. Иако како никогаш досега, имаат партија на власт која им вели договорете се што сакате и токму тоа ќе ви биде прифатено, тие тоа го одбија – рече Манасиевски.






Тој наведе дека европските функционери ја сметаат Македонија за лидер во Реформската агенда и дека земјава ќе добие најмногу пари од Планот за раст токму поради испорака на реформи. Манасиевски потсети дека европските функционери повикаа на консензус од сите политички партии за носење на Изборниот законик, меѓутоа СДСМ, Левица и ДУИ одлучија да го блокираат напредокот на државата.

– Прочитани се и оваа политика на жртва нема да им помине – рече Манасиевски.

Поврзани содржини