ЕВРОКОМЕСАРКАТА КОС ЈАСНО КАЖА ДЕКА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Е ДЕЛ ОД РЕФОРМИТЕ Мицкоски за спротивните тврдења на опозицијата

Еве мене не мора да ме слушаат, неважен сум јас во случајот, еве нека ја слушаат комесарката Кос, рече Мицкоски.

93

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од СДСМ за тоа дека се лаже за Изборниот законик дека е европски услов, порача дека за тоа опозицонерите може да слушнат изјавата на комесарката Марта Кос.

– Не знам дали понекогаш СДСМ треба да ја коментираме, но ова прашање заслужува коментар, бидејќи е значајно за граѓаните и за државата. Впрочем, сите можеа да ја слушнат комесарката Марта Кос како таа тоа го кажа. Еве мене не мора да ме слушаат, неважен сум јас во случајот, еве нека ја слушаат комесарката Кос, таа го кажа дека тоа е дел од реформите коишто се битни за евро-интеграција – рече Мицкоски.






Според него, некои политичари од опозицијата се контрадикторни во своето однесување.

– Знаете, чудни се некои политичари во опозицијата. Кога станува збор за нивен интерес т.е. да бидам попрецизен, нивен џеб, тогаш полна им е устата со Европа, Европа и само Европа. Кога треба да зборуваме за одговорност и носење потези, а кога се во опозиција, тогаш сѐ прават само за да ние таму не стигнеме каде што треба да стигнеме. Но и со нив и без нив, ние продолжуваме да ги реализираме стратешките цели, а тоа е полноправно членство на земјата во рамките на Европската Унија – рече Мицкоски.

Поврзани содржини