ИРАН СЕ ЗАКАНИ СО БЛОКАДА НА ЦРВЕНОТО МОРЕ! Хутите можат да го затворат преминот Баб Ел-Мандеб

Овој потег би можел да ја зголеми цената на нафтата на 200 долари за барел.

157

Иранската револуционерна гарда се закани дека ќе ги затвори „сите други извозни коридори што им користат на САД и нивните сојузници“, објавија иранските медиуми, откако Иран го затвори Ормускиот Теснец, а САД повторно воведоа поморска блокада на иранските пристаништа.

„Регионалниот извоз на енергија или го делат сите или е затворен за сите“, се вели во соопштението на Гардата.






Аналитичарите велат дека Иран најавува дека би можел да ги искористи своите сојузници Хути во Јемен за да го затвори преминот Баб ел-Мандеб кон Црвеното Море, отворајќи нов фронт против Вашингтон. Тесниот премин го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив, низ кој минуваат извозот на саудиска нафта и значителен дел од глобалниот превоз.

Висок функционер на Хутите предупреди дека групата е подготвена да го затвори Баб ел-Мандеб ако Саудиска Арабија продолжи да го напаѓа Јемен. Овој потег би можел да ја зголеми цената на нафтата на 200 долари за барел.

Хутите испукаа ракети кон Саудиска Арабија откако ја обвинија за бомбардирање на аеродром под нивна контрола во понеделникот, со што се прекрши четиригодишното примирје во конфликтот.

„Ормускиот Теснец ќе остане затворен додека не завршат американските зла“, порача Иранската гарда.

Поврзани содржини