ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО Несреќата предизвика застој во сообраќајот и големи колони
Несреќата се случила помеѓу товарно возило ‘фолксваген кеди‘, со скопски регистарски ознаки, и патничко возило ‘голф‘ со охридски регистарски ознаки, се вели во соопштението од полицијата.
Пет лица се повредени во сообрајната несреќа што вечерва се случи на автопатот Тетово – Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Денеска околу 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје се случи сообраќајна несреќа меѓу товарно возило ‘фолксваген кеди‘, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И. и патничко возило ‘голф‘ со охридски регистарски ознаки, управувано од Л.А.“, се вели во соопштението од полицијата.
Во несреќата со повреди се здобија возачите на возилата, како и тројца сопатници од возилото марка „голф“ што се констатирани во Клиничкиот центар во Скопје и во ГОБ „8 Септември“.
Како што информираат од МВР, во тек е увид на местото на несреќата.
Како што пренесоа дел од медиумите, несреќата предизвика голем застој и колони од возила на овој потег. На видеоснимките што се објавени на социјалните мрежи се гледа како возило на Итната медицинска помош пристигнува на местото на несреќата, пробивајќи се низ колоната возила.