БИВШАТА НА ЛЕОНАРДО ДИ КАПРИО УЖИВА ВО НОВА ЉУБОВ Камила Мороне на романтичен одмор со режисерот Кол Бенет

Речиси четири години по раскинувањето со Леонардо ди Каприо, актерката и модел Камила Мороне најде нова голема љубов. Таа и режисерот Кол Бенет со кој се во врска од јули минатата година, се фотографирани заедно на романтичен одмор во Италија.

124

Американско-аргентинската актерка и модел Камила Мороне отвори ново поглавје во љубовниот живот. Речиси четири години по крајот на врската со холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо, 29-годишната убавица беше фотографирана во романтични моменти со своето момче Кол Бенет за време на одмор на италијанскиот брег.

Парот уживал на плажите во Порто Ерколе, каде што папараците ги уловиле како се гушкаат и разменуваат нежности во морето, но и додека се релаксирале на лежалките на плажата.






Вљубениот пар воопшто не ги крие емоциите, а фотографиите од прегратките и бакнежите јасно покажуваат колку се блиски.

Бенет е познат американски режисер на музички спотови кој соработувал со имиња како Еминем, Џек Харлоу, Виз Калифа, Џеј Кол и Кид Кади. Со Камила првпат беше поврзан во јули минатата година, кога двајцата беа забележани заедно во прошетка и шопинг низ њујоршкиот кварт Сохо.

Според очевидци, тогаш речиси и не го тргале погледот еден од друг.

– Одеа прегрнати и изгледаа навистина среќно додека разгледуваа продавници. Кол постојано ја гледаше Камила со голема нежност – изјавил тогаш извор за магазинот „Пипл“.

Пред врската со Бенет, Мороне повеќе од четири години беше во љубовна врска со Леонардо ди Каприо. Нивната романса започна кон крајот на 2017 година и често беше тема на медиумите поради разликата од 23 години. Иако заедно присуствуваа на бројни јавни настани, приватниот живот го чуваа далеку од очите на јавноста. Врската заврши во август 2022 година, а Ди Каприо денес е во врска со италијанскиот модел Виторија Черети.

Се чини дека Мороне во Кол Бенет не нашла само голема љубов, туку и силна поддршка. Кога во март премиерно беше прикажана нејзината хорор-серија на Нетфликс „Something Very Bad Is Going to Happen“, Бенет јавно ѝ упати емотивна порака.

– Никогаш не сум бил погорд на некого. Таа е најпосветената личност што ја познавам и е неверојатно талентирана. Ме инспирира секој ден – напиша тој на социјалните мрежи, додавајќи дека Камила со месеци му го посветила целиот свој живот на тој проект.

Најновите фотографии од италијанскиот брег покажуваат дека нивната љубовна приказна се развива во одлична насока. Вљубените погледи, прегратките во морето и опуштеното уживање под сонцето откриваат дека и по една година врска тие уживаат еден со друг.

Поврзани содржини