НОВ БРАН АПСЕЊА ВО ТУРЦИЈА На удар и градоначалник од опозицијата

Полицијата веќе приведе 27 осомничени, додека опозицијата тврди дека истрагите се политички мотивирани.

99

Турското обвинителство издаде наредба за апсење на 36 лица, меѓу кои е и градоначалник на општина во Анкара од редовите на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), во рамки на истрага за наводно поткупување и местење тендери.

Според турските власти, полицијата досега привела 27 осомничени, додека потрагата по останатите лица опфатени со наредбата продолжува.






Меѓу осомничените е и градоначалникот на општина Чанкаја, Хусеин Џан Гунер, кој е член на ЦХП.

Од турското обвинителство наведуваат дека истрагата се однесува на сомневања за корупција и нерегуларности при спроведување јавни набавки.

Во изминатиот период турските власти отворија повеќе истраги против општини управувани од Републиканската народна партија. Од ЦХП тврдат дека ваквите постапки имаат политичка позадина и претставуваат притисок врз опозицијата, додека Владата категорично ги отфрла ваквите обвинувања, нагласувајќи дека судските институции во земјата работат независно и согласно законите.

Поврзани содржини