🎥 ПОЧИНА БОНИ ТАЈЛЕР Поп-легендата од 80-тите беше позната по својот рапав глас и многуте хитови

Велшката пејачка чиј рапав, но доминантен глас ги претвори нејзините песни во класици од 1980-тите, извесен период беше во болница кадешто и почина на 75-годишна возраст.

0

Бони Тајлер, велшката пејачка чиј рапав, но доминантен глас ги претвори песните како „Total Eclipse of the Heart“ во класици од 1980-тите, почина на 75-годишна возраст.

Пораката на нејзината Фејсбук страница гласи:






– Семејството и тимот на Бони со скршено срце објавуваат дека Бони неочекувано почина синоќа во болница во Португалија од последиците на болеста од која се лекуваше.

Во мај, Тајлер беше подложена на итна операција на цревата во болница во близина на Фаро, Португалија, каде што живееше. Подоцна беше ставена во индуцирана кома во обид да се помогне во нејзиното закрепнување. Потоа беше извадена од кома, но претставник рече дека сè уште е „многу болна и на интензивна нега“.

Родена како Гејнор Хопкинс, Бони Тајлер пораснала во јужен Велс. Нејзината музичка кариера започнала откако била откриена од ловецот на таленти Роџер Бел во клуб во Свонси. Првиот сингл „Lost in France“ го објавила во 1977 година, а истата година голем успех постигнала и со баладата „It’s a Heartache“, која се искачи на четвртото место на британската и на третото место на американската топ-листа.

Тајлер скокаше помеѓу балади со кантри призвук и диско-поп песни како што е хитот од 1979 година (The World is Full of) Married Men, снимен за филмска адаптација на истоимениот роман на Џеки Колинс. Но, таа сакаше да се пробие во рок музиката и му се додворуваше на Џим Стајнман, кој имаше огромен успех како главен соработник на Мит Лоуф на „Bat Out of Hell“ и други.

Тој бил импресиониран од Тајлер и ѝ ја дал „Total Eclipse of the Heart“ (што наводно подоцна предизвикало љубомора кај Мит Лоуф). Тајлер му рекла на еден пријател во тоа време:

– Денес снимив неверојатна песна. Проблемот е што е толку долга, не мислам дека некој некогаш ќе ја отсвири.

Но откако оваа седумминутна епска песна беше скратена на четири минути кои беа погодни за радио емитување, таа стана огромен хит.

Со оваа песна таа стекна светска слава во 1983 година. Песната се искачи на првото место и во Велика Британија и во САД, со што Тајлер стана првата Велшанка што го освои врвот на американската топ-листа.

– Некои луѓе мислат дека оваа песна е за вампир, но јас никогаш не ја разбрав таа интерпретација – рекла таа подоцна.

– Џим еднаш му кажа на Playbill дека работел на музичка интерпретација на немиот филм „Носферату“. Отсекогаш сум го сметала „Total Eclipse“ за страсна љубовна песна.“ Придружниот албум „Faster Than the Speed ​​of Night“ – вклучувајќи енергична преработка на „Have You Ever Seen the Rain?“ од Џон Фогерти – се искачи на врвот на британската листа на албуми.

За „Total Eclipse of the Heart“ Тајлер доби номинација за наградата Греми, а подоцна беше номинирана и за албумот „Faster Than the Speed of Night“ и за синглот „Here She Comes“.

Стајнер го напиша и нејзиниот втор голем хит од осумдесеттите, „Holding Out for a Hero“, создаден за саундтракот на филмот Footloose, а подоцна повторно стана популарен благодарение на анимираниот филм Shrek 2.

Во 2013 година ја претставуваше Велика Британија на Изборот за песна на Евровизија, каде што го освои 19. место меѓу 26 учесници. Во 2023 година беше одликувана со титулата MBE за својот придонес во музиката.

Минатата година ја објави денс-верзијата на „Total Eclipse of the Heart“, насловена „Together“, во соработка со Дејвид Гета и Хипатон.

Поврзани содржини