Во ОВР Кичево вчера било пријавено дека во понеделникот во 20.15 часот, И.И. на улицата „4 јули” во Кичево физички ја нападнал неговата малолетна внука.
Исто така во ОВР Кичево 40-годишна жена вчера пријавила дека на 29.06.2026 нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот поранешен свекор, а кон двете упатил закани.
Се преземаат мерки за целосно документирање на двата случаи, и против сторителите ќе бидат покренати соодветни пријави, информира СВР Охрид. .