ВЛАДАТА НЕМА ДА ДОЗВОЛИ НЕЗАКОНСКО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРУТО МАРЖИТЕ ЗА ХРАНА Мицкоски најави дека маркетите што го сторите тоа ќе добијат опомена

Премиерот информира дека за една недела треба да бидат објавени податоците, добиени врз основа на бројките кои што ги добиваат од Државниот пазарен инспекторат.

0

Нотирано е во одредени маркети зголемување на бруто маржата, споредбено со минатата година од 2 до 5% и тие ќе бидат повикани на состанок и јасно ќе им се каже дека тоа е недозволиво, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

-Да, да бидам конкретен со пример – ако минатата година во јуни бруто маржата била 10%, сега е 12 или 15%. Тоа се тие дополнителни 2 до 5% и тоа ние нема да го толерираме и многу јасна порака ќе испратиме кон нив. Кога би се намалиле тие 2 до 5%, тогаш практично, ние би биле земја со најниска инфлација во Европа, во овој момент, иако очекувам стабилизирање на инфлацијата во јуни -рече Мицкоски.






Тој информира дека за една недела треба да се објават тие параметри, врз основа на бројките кои што ги добиваат од Државниот пазарен инспекторат.

– Исто така, ја дефинираме онаа група од 600-700 производи, каде што правиме анализа, таму ќе ни треба малку повеќе време, бидејќи се влезни-излезни фактори, маржа која што ја имаат дистрибутерите и производителите, визави бруто маржа, која што ја имаат ланците маркети. Малку е посложена анализата, лично јас ја работам, така што можеби ќе ни треба малку повеќе време – рече Мицкоски.

Поврзани содржини