КОЛКУ Е МОЌЕН МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ? Без виза може да патуваме во 127 држави во светот

Македонскиот пасош е рангиран на 41 место од вкупно 199 земји опфатени во истражувањето, заедно со Црна Гора и Босна и Херцеговина.

148

На најновата листа на најмоќни пасоши во светот, според Henley Passport Index Q2, македонскиот пасош се најде на 41. место меѓу 199 земји опфатени во рангирањето.

Пасошот на Македонија е оценет врз основа на тоа што со него може без виза да се патува во 127 држави ширум светот. Индексот се базира на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), а клучниот критериум е бројот на земји достапни без виза за граѓаните на една држава.






На врвот на листата и оваа година се наоѓа Сингапур, чии граѓани можат без виза да патуваат во 192 земји.

Второто место го делат Јапонија, Јужна Кореја и Обединетите Арапски Емирати, со пристап до 188 земји без виза. Шведска е на третото место со 187 земји.

Четвртата позиција ја делат Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка и Шпанија, чии граѓани можат да патуваат во 186 земји без виза.

На петтото место се Австрија, Грција, Малта, Португалија и Швајцарија со пристап до 185 земји без виза.

Во регионот, Словенија е на седмото место со 183 земји, Хрватска е на осмото место со 182 земји, додека Црна Гора е на 41. место со пристап до 127 држави без виза. Босна и Херцеговина е исто така на 41. место, но со 122 безвизно достапни земји. Србија е на 34 место.

Поврзани содржини