ПОДНЕСЕНИ 224 АМАНДМАНИ НА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ Расправата ќе покаже колку од нив се прифатливи

Вкупните приходи се ревидираат на ниво од 379,2 милијарди денари, што е зголемување за околу 4,2 милијарди денари или за 1,1% во однос на иницијалниот Буџет за 2026 година. Вкупните расходи, пак, се ревидираат на 425,2 милијарди денари. Обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции кои достигнуваат околу 46 милијарди денари и се зголемуваат за околу 5,8 милијарди денари, зголемување за 14,5%. 

36

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање. За ребалансот на Буџетот поднесени се 224 амандмани.

Вкупните приходи се ревидираат на ниво од 379,2 милијарди денари, што е зголемување за околу 4,2 милијарди денари или за 1,1% во однос на иницијалниот Буџет за 2026 година. Вкупните расходи, пак, се ревидираат на 425,2 милијарди денари. Обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции кои достигнуваат околу 46 милијарди денари и се зголемуваат за околу 5,8 милијарди денари, зголемување за 14,5%.






Согласно проекциите, за годинава се очекува економски раст од 3,5%, инфлација од 4,5%, а буџетскиот дефицит 4,1% од БДП.

На приходната страна даночните приходи остануваат речиси на првично планираното ниво и се проектирани на 213,2 милијарди денари, што е минимално намалување од околу 900 милиони денари, односно за 0,4%.

Неданочните приходи се зголемуваат за околу 2 милијарди денари, како резултат на подобрата реализација на административните такси, концесиите, и поголемото користење на сопствените приходи од страна на буџетските корисници.

Кај расходите за стоки и услуги има намалување од околу 900 милиони денари преку реалокација на средствата и нивно насочување кон приоритетните потреби.

Буџетскиот дефицит од 46,1 милијарди денари, како и обврските за отплата на долг во вкупен износ од 76,4 милијарди денари, ќе се финансираат преку комбинација на домашно и странско задолжување. Притоа, над 54 милијарди денари се наменети за редовно сервисирање на обврските кон странските кредитори, а околу 20 милијарди денари за отплата на домашниот долг.

Поврзани содржини