🎥 📷 ГОЛЕМ РУСКИ РАКЕТЕН УДАР ВРЗ КИЕВ Загинаа над 20 луѓе, десетици се повредени
Украинските медиуми го опиша нападот како еден од најтешките од почетокот на војната во 2022 година. Жителите на Киев побараа засолниште во метро-станиците, а многумина ја поминаа целата ноќ во шатори.
Украинскиот главен град Киев ја доживеа една од своите најтешки ноќи од почетокот на војната, откако Русија лансираше ракети, крстосувачки ракети и беспилотни летала кон градот со 3 милиони жители, при што загинаа најмалку 21 лице, а 86 се повредени, соопштија официјални лица.
Во болница се пренесени 70 луѓе. До доцните попладневни часови спасувачите сè уште трагаа по преживеани и по други жртви под урнатините, па се очекува бројот на загинатите да се зголеми.
Киев сегодня ночью подвергся массовым атакам ВС России. Город окутан чёрным дымом.
ВС РФ во время массированного удара поразили предприятие в Киеве, выпускающее системы управления для ракет “Фламинго” и Fire Point, сообщило Минобороны РФВ результате ночной атаки разрушен склад… pic.twitter.com/woDo2apxEs
— 🇷🇺Елена♥️Россия🇷🇺 (@alena1773) July 2, 2026
Русија тврди дека целите биле исклучиво воени. Сепак, неколку станбени згради се уништени во нападот, а погодени се и еден хотел и зграда на телекомуникациски оператор во центарот на градот. Неколку интернет-провајдери пријавија прекини во услугите.
Украинските медиуми го опиша нападот како еден од најтешките од почетокот на руската инвазија во 2022 година. Жителите на Киев побараа засолниште во метро-станиците, а многумина ја поминаа целата ноќ во шатори.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека меѓу тешко повредените во главниот град има и 10-годишно момче. Извести и за уривање на деветкатница во населбата Десњан, каде што спасувачите се обидуваат да извлечат луѓе заробени под урнатините.
Брановите ракети и камикази дронови го погодија украинскиот главен град само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов голем напад врз Украина.
– Еднаш или двапати неделно имаме големи воздушни напади. Денеска добивме загрижувачки вести за подготовките за уште еден таков масовен руски напад – рече Зеленски за време на прес-конференцијата со ирскиот премиер Мајкл Мартин.
After an 11 hours long russian air raid in Kyiv, over 30 hits on residential area, at least 56 people killed and wounded in their homes. Another reason to work for Ukraine’s victory and russia’s collapses. pic.twitter.com/1yJ9teo3Lq
— Sergej Sumlenny, LL.M (@sumlenny) July 2, 2026
За време на нападот, Русија лансираше десетици крстосувачки и балистички ракети и изврши масовни напади со дронови низ повеќе региони. До 5 часот наутро по локално време, властите пријавија штета на најмалку 28 локации.
Нападите почнаа во средата навечер околу 21.30 часот.
Украинските воздухопловни сили предупредија дека групи руски беспилотни летала се приближуваат кон Киев и градовите Николаев, Конотоп и Херсон. Околу еден час подоцна, тие објавија нови бранови беспилотни летала што се движат кон Киев.
Следната фаза од нападот почна во раните утрински часови на 2 јули, кога балистички ракети, вклучувајќи хиперсонични ракети „Циркон“, почнаа да го погодуваат главниот град.
Киев сегодня. Рашисты – гной pic.twitter.com/1pa57Moj3w
— treмпель на terrіконі (@trempel_terr) July 2, 2026
Вонредна состојба поради воздушни напади и експлозии беа пријавени и во други делови на земјата, вклучувајќи ги Запорожје и Павлоград на југоисток, како и Суми и Харков на североисток. Гувернерот на Запорожје, Иван Федоров, утрово изјави дека три лица се повредени. Подетални информации за можни штети или жртви во другите градови засега не се достапни.
Според украинските воздухопловни сили, Русија за време на нападот употребила 570 воздушни објекти, вклучувајќи нешто помалку од 500 дронови. Руската војска, исто така, кон Киев истрелала 24 балистички ракети „Искандер“ и околу 50 крстосувачки ракети од различни типови. Меѓу нив имало и четири хиперсонични наведувани ракети „Циркон“, кои всушност се развиени за борба против бродови. Иако нападот беше очекуван самиот број и разновидноста на оружјето успеаја да ја совладаат воздушната одбрана на Киев, откако Русија го преоптовари системот со неколку бранови координирани напади.
Украинската војска соопшти дека пресретнала 524 воздушни објекти, главно дронови во текот на ноќта, додека стапката на пресретнување на крстосувачките ракети е значително пониска.

Според Москва, една од погодените цели била фабрика за производство на системи за наведување на украинските ракети „Фламинго“, како и фабрики за електроника и депо за гориво што го користела украинската армија.
Кремљ објави дека претседателот Владимир Путин бил информиран за нападот, за кој портпаролот Дмитриј Песков изјави дека бил насочен исклучиво кон „воени цели или цели поврзани со војската“.
Зеленски повика на побрза помош во воздушната одбрана.
„Испораките за воздушна одбрана се апсолутен и критичен приоритет“, напиша тој на социјалната мрежа Икс.
Тој ја нагласи важноста на секој придонес преку Листата на приоритетни барања на Украина, според која земјите од НАТО купуваат оружје од САД и го префрлаат во Украина.
„Секој билатерален договор што го постигнуваме со нашите партнери за воздушна одбрана навистина прави разлика“, додаде Зеленски.
Тој, исто така, изрази надеж дека САД ќе ѝ доделат лиценца на Украина за производство на одбранбени ракети за системот „Патриот“.
Шефицата на европската дипломатија Каја Калас денеска изјави дека Европската Унија подготвува дополнителни санкции за Русија по ноќните напади.
„Самите зборови на осуда нема да ги запрат нападите врз Киев. Тоа може да го стори само континуираната воена поддршка за Украина и зголемениот притисок врз Москва. Денеска ќе предложам санкционирање на повеќе субјекти кои го поддржуваат рускиот воено-индустриски комплекс како одговор на нападите“, наведе Калас во објава на Икс.