КЕТЕРИНГ ФИРМА ДОБИ ЗАБРАНА ЗА ДЕЈНОСТ ПО ТРУЕЊЕТО ВО ПРИЛЕП Се чека на наодите од лабораторија
Издадено е усно решение на записник за забрана на вршење на дејност во објектот на „Рустика„ и на мензата во „Микросам“. Забраната ќе трае до добивањето на негативни наоди од лабараториското испитување на земените примероци и извршените препорачани протиепидемиски мерки“, се вели во соопштението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за случајот со труењето 41 работник во мензата на „Микросам“.
Државниот санитарен и здравствен инспеторат издаде забрана за вршење дејност во прилепската кетеринг-фирма „Рустика“ и во мензата на компанијарта „Микросам“ во врска со случајот на труење со храна, при што 41 вработен во компанијата „Микросам“ по оброкот покажале симптоми на труење.
Инспекторатот заедно со прилепскиот Центар за јавно здравје со Институтот за јавно здравје и со Агенцијата за храна и ветеринарство изврши вонреден надзор.
„По известувањето од Центарот за јавно здравје од Прилеп по пријави за заболување со знаци на труење прво кај 17 вработени во компанијата „Микросам“активиран е Националниот протокол за постапување на надлежните институции при сомневање и појава на елементарни инспеции и интоксикации. Инспекцискиот надзор е извршен на две локации, во ДПТУ РУСТИКА ВЕДИНГ ХОЛ ДООЕЛ и во мензата во склоп на фабриката ДЕДЛ МИКРОСАМ ДОО и двете во Прилеп. Издадено е усно решение на записник за забрана на вршење на дејност во објектот на ‘Рустика’ и на мензата во ‘Микросам’. Забраната ќе трае до добивањето на негативни наоди од лабараториското испитување на земените примероци и извршените препорачани протиепидемиски мерки“, се вели во соопштението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Од Инспекторатот соопштуваат и дека на двете локации не биле констатирани санитарно-технички и санитарно-фигиенски недостатоци.
Од прилепскиот Центар за јавно здравје информираа дека од 61, 41 вработен во прилепската компанија добија симптоми на труење со храна по конзумирањето на оброкот во првата смена во понеделникот. Сите добиле средна клиничка слика и нема хоспитализирани, туку по терапија се упатени на домашно лекување.
Во Центарот за јавно здравје ги чекаат резултатите за видот и начинот на труењето.