КРИВИЧНИ ЗА ДВЕТЕ НАПАЃАЧКИ И ЗА НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ Идентификувани девојчињата што ја малтретираа врсничката во Аеродром

По вознемирувачката снимка од врсничко насилство во Аеродром, полицијата изврши разговор со две малолетнички и нивните родители, а се трага и по другите учесници кои го снимале инцидентот.

1,353

Полицијата ги идентификуваше и изврши службен разговор со двете малолетнички осомничени за бруталното врсничко насилство во скопската општина Аеродром, а по целосното расчистување на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави не само против нив, туку и против нивните родители.

Случајот беше пријавен вчера во 19:30 часот во СВР Скопје, кога 31-годишна жена пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка претходната вечер, околу 22 часот, во парк во општина Аеродром била жртва на физичко и психичко насилство.






Според пријавата, 14-годишна малолетничка, заедно со своја другарка, во два наврати ја принудиле девојчето да клекне на колена и да им се извинува. Откако тргнала да си замине, била физички нападната од друга малолетничка.

Целиот настан го снимале со мобилни телефони повеќе малолетници кои биле присутни, а едно од лицата што снимало било познато на оштетеното девојче.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека истиот ден во полициска станица бил извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители.

За случајот се известени јавен обвинител за малолетници и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

Полицијата продолжува со активности за утврдување на идентитетот и на другите малолетници кои учествувале или го снимале насилството, по што ќе бидат поднесени кривични пријави за кривичните дела „насилство“ и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“, согласно Кривичниот законик.

ПОЛИЦИЈАТА РАЗГОВАРАЛА СО ДЕТЕТО-ЖРТВА НА ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО АЕРОДРОМ Го утврдува идентитетот на сторителите

📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) „ЌУТЕТЕ ДА СЛУШНЕМЕ КАКО ЌЕ ПУКА“ Девојче клекнато на колена додека други девојчиња го удираат и влечат за коса

Поврзани содржини