СДСМ НАСЕКАДЕ ГЛЕДА КВИСЛИНЗИ Новата платформа била контролирана од Мицкоски

Според СДСМ, први промотори на оваа иницијатива биле Јован Деспотовски и Петре Шилегов, кои не успеале да ја урнат СДСМ одвнатре, па сега ги обединуваат силите со други отпадници од СДСМ, за да ја напаѓаат однадвор.

0

Најавената платформа „Разговори за иднината 12.05“ е уште еден во низата обиди на Христијан Мицкоски да создаде контролирана опозиција – обвини СДСМ во партиско соопштение.

„Прво, не се знае кој стои зад неа. Нема име на организатор, нема транспарентност, сè се одвива под Chatham House правила. А кога ќе се погледне што се случило на првиот состанок, станува јасно: зборуваа за „обединување на опозицијата“, а прва точка и заклучок на средбата беше напад врз СДСМ.






Мицкоски уште на крајот на минатата година ја најави оваа платформа. Први промотори беа Јован Деспотовски и Петре Шилегов – како нова верзија на ЗНАМ 2.0. Кога не успеа да ја урне СДСМ одвнатре, сега ги обединува отпадниците од СДСМ за да ја напаѓа однадвор.

Истиот модел на промоција што го имаа овие двајца квислинзи од редовите на СДСМ, го има и денешната Chatham House платформа за иднината на Мицкоски.

Промоција преку медиуми блиски до Орбан, со главен координатор од сенка Драган Павловиќ – Латас. Во исто време, армија од ботови и фарми на тролови работи со полна пареа. Мицкоски нема друг излез. Буџетот е празен, економијата е во колапс, наскоро нема да има пари ни за пензии.

За да го спречи слободниот пад на ВМРО, а особено на својот рејтинг, прво направи козметичка реконструкција на Владата за да добие на време со нов дефокус. Сега намерно го прават со Изборниот закон за да ја обвинуваат опозицијата за реформи кои тој самиот не ги спроведе.

Следниот чекор се предвремени избори, за кои му треба алиби“ – се вели во соопштението на СДСМ, со кое се повикуваат граѓаните да се обединат околу Фронтот за вистина и правда, затоа што, како што велат „единствената вистинска опозиција е СДСМ, а се другото е фејк“.

Универзитетски професори, актуелни пратеници, адвокати, граѓански активисти, лекари, поранешни функционери на СДСМ и актуелен градоначалник беа дел од првата дебатна средба „Разговори за иднината во 12:05“ што се одржа вчера во Скопје зад затворени врати. Според организаторите, иницијативата нема цел формирање нова политичка партија, туку отворање простор за нова демократска дебата за иднината на државата и на опозициското делување.

ФОРМИРАНА НОВА ПОЛИТИЧКА ИНИЦИЈАТИВА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12.05“ Потребен е нов општествен договор, а не нови опозициски партии

Поврзани содржини