УСОГАСУВАЊЕТО НА ЦАРИНСКИТЕ СТАПКИ СО ЕВРОПСКИТЕ ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМИ КОНКУРЕНТНОСТА НА КОМПАНИИТЕ Странските инвеститори очекуваат владата да продолжи да ги намалува царините

Последните измените на Законот за царинската тарифа претставуваат продолжение на законските измени од минатата година, кога од 1 јули 2025 година беше извршено намалување на царинските стапки до 50% од нивото на стапките што се применуваат во Европската Унија.

21

Усогласувањето на царинските стапки со европските ќе значи зголемување на конкурентноста на домашните и странските компании кои извезуваат на надворешните пазари и зголемување на македонскиот извоз, воопшто, соопшти Советот на странски инвеститори поздравувајќи го вчерашното усвојување на измените на Законот за царинската тарифа, со што дополнително ќе се намалат царинските стапки на 70 стоки што како суровини, репроматеријали и компоненти се користат во преработувачката индустрија.

Измените на Законот за Царинската тарифа претставуваат продолжение на законските измени од минатата година, кога од 1 јули 2025 година беше извршено намалување на царинските стапки до 50% од нивото на стапките што се применуваат во Европската Унија.






„Во насока на зголемување на конкурентноста и извозниот потенцијал на компаниите, Советот на странски инвеститори ја поддржува и поттикнува Владата да продолжи со усогласувањето на царинските стапки како и со склучување договори за слободна трговија со други земји“, се вели во соопштението.

Советот на странски инвеститори во соопштението потсетува дека во изминатиот период укажуваше на потребата од усогласување на царинските стапки на најприоритетните суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија, а воедно и од дополнување со нови тарифни ознаки во домашната Царинска тарифа со царински стапки кои се применуваат на ниво на ЕУ.

Поврзани содржини