🎥 БАБА МОНТИРАЛА БАЗЕН ЗА ВНУЦИТЕ НА УЛИЦА БО ЗАГРЕБ Полицијата ја натера да го отстрани

Во загрепската населба Дубрава монтажен базен две недели стоел пред семејна куќа, бидејќи во дворот немало доволно место. По вирално видео на социјалните мрежи интервенирала полицијата.

456

Необична сцена од загрепската населба Дубрава предизвика бројни реакции во Хрватска на социјалните мрежи, откако постара жена поставила голем монтажен базен на улицата пред својата куќа, за да можат нејзините внуци да се разладуваат за време на летните горештини.

Базенот бил поставен директно на коловозот, бидејќи улицата нема тротоар.






Базенот, со големина приближно колку еден автомобил, бил поставен покрај оградата на куќата и таму стоел околу две недели. Сопственичката вели дека во дворот немала доволно простор за толку голем базен и дека никој од соседите не се пожалил.

– Децата се капеа во него цел ден. Колку што знам, никому не му пречеше – изјавила жената за Индекс.

Сепак, откако некој ја снимил необичната глетка и видеото било објавено на ТикТок, случајот стана вирален. Потоа, на адресата на жемата пристигнала полицијата и ја известила сопственичката дека базенот мора да биде отстранет, а во спротивно ќе се соочи со парична казна. Таа го испразнила во блиската шахта.

Жената вели дека најмногу ја вознемириле коментарите на интернет, во кои поединци се заканувале дека ќе фрлат солна киселина во базенот. Стравувала дека таков чин би можел да ги загрози нејзините три внучиња, за кои и бил поставен базенот.

Случајот предизвика поделени мислења во јавноста. Додека едни сметаат дека станува збор за безопасен обид децата да се разладат за време на топлотниот бран, други посочуваат дека јавната улица не може да се користи како приватен простор, без оглед на намерата. Едни велат, ако може паркирани возила на улица, тогаш може и базен, а други дека е опасно кој  било да се капе во базен на улица!

Поврзани содржини