FLEX GROUP ГО ОСВОЈУВА ПАЗАРОТ НА ЛУКСУЗЕН ЕНТЕРИЕР Светскиот бренд Kave Home официјално пристигнува во Македонија

Flex Group го проширува своето портфолио со светскиот бренд Kave Home. Шпанскиот бренд за мебел и ентериер, присутен во повеќе од 80 земји, официјално пристигнува на македонскиот пазар.

52

Flex Group добива ново засилување, откако компанијата официјално го најави влезот на светски познатиот шпански бренд Kave Home на македонскиот пазар. Со оваа стратешка експанзија, компанијата го проширува своето портфолио во сегментот на современиот внатрешен дизајн и мебел.

Kave Home е бренд основан во Шпанија, кој денес е присутен во повеќе од 80 земји низ светот. Препознатлив е по својот медитерански пристап кон уредувањето на ентериерите, комбинирајќи современ дизајн, функционалност и природни материјали во решенија наменети за модерни домови и деловни простори.






Од Flex Group информираат дека со воведувањето на Kave Home, македонските потрошувачи ќе добијат пристап до широк асортиман производи, меѓу кои мебел, осветлување, декоративни елементи, како и решенија за дворови и градини.

Компанијата посочува дека производите на брендот се создаваат со акцент на квалитетот, долготрајноста и одржливото производство, при што секое парче мебел е осмислено да понуди функционалност и безвременски изглед.

Според Flex Group, Kave Home не нуди само производи, туку концепт за создавање пријатни и автентични простори во кои дизајнот и практичноста се во рамнотежа.

Со ова партнерство, Flex Group продолжува со стратегијата за развој и збогатување на домашниот пазар со меѓународно признати брендови, со цел да понуди современи решенија и поголем избор за потрошувачите.

Од компанијата најавуваат дека повеќе информации за новиот бренд ќе бидат достапни преку официјалните профили на Kave Home на социјалните мрежи Facebook и Instagram.

Поврзани содржини