📷 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) НА СОПРУГАТА НА УКРАИНСКИОТ ОЛИГАРХ Ѝ ГИ АМПУТИРАА НОЗЕТЕ Елитни единици ги чуваат повредените во Монако
Поради сериозноста на нападот, жртвите се под строга полициска заштита во болницата во Ница, со на присуство француска елитна антитерористичка единица.
Контроверзниот украински олигарх Вадим Јермолаев (58) и неговата сопруга Ана (56) се тешко повредени во понеделник вечерта во бомбашки напад во лобито на нивната луксузна станбена зграда „Сан Палас“ во Монако.
Според француските медиуми, во објектот експлодирала направа исполнета со завртки, а најтешки повреди претрпе Ана Ермолаев, чии нозе беа ампутирани во болницата. Нивниот син Дејвид беше полесно повреден во нападот, додека уште 4 лица се во болница поради шок и посекотини.
Ukrainian oligarch and his family are guarded by French special forces as they recover from bomb attack that saw ‘tycoon’s wife lose both legs’ https://t.co/s4HyDfW7eF
— Daily Mail (@DailyMail) June 30, 2026
Напаѓачот е сè уште во бегство, а полицијата го опиша како „вооружен и опасен“.
Државниот секретар на Монако, Кристоф Мирманд, рече дека безбедносните камери покажале дека напаѓачот возел околу зградата неколку пати пред експлозијата, што укажува дека вршел строг надзор и ги чекал жртвите.

Поради сериозноста на ситуацијата, двојката беше итно префрлена во болница во Ница, каде што се наоѓаат во безбедни соби под заштита на вооружена полиција и елитната француска тактичка единица RAID, која е специјализирана за борба против тероризам и за заштита на ВИП личности.
Вадим Ермолаев, кој го стекна своето богатство во недвижности по распадот на Советскиот Сојуз и основањето на „Алеф груп“ во Дњепарк, со години го привлекува вниманието на јавноста и на истражните органи.
JUST IN: Blast in Monaco injures at least 3 Ukrainians as suspect plants explosive and flees pic.twitter.com/gHh0AfnwEw
— Rapid Report (@RapidReport2025) June 29, 2026
Ермолаев беше ко-сопственик на естонската „Версобанка“, чија лиценца беше одземена од Европската централна банка во 2018 година поради перење пари. Исто така, неговиот постар син Артур беше уапсен на Кипар на крајот на 2025 година под сомнение дека заедно со својот татко водел измамничка мрежа на кол-центар насочена против граѓани на ЕУ.
Семејството Ермолаев ги негираше сите обвинувања.
Ермолаев ја напушти Украина пред една деценија, нарекувајќи го нејзиниот даночен систем „неправеден“, по што во 2019 година зеде кипарско државјанство
Владетелот на Монако, принцот Алберт го нарече нападот „одвратен“ и рече дека кнежевството со помош на француските власти кои се задолжени за неговата одбран ќе остане решително во борбата против насилството и криминалот.
📷 ЕКСПЛОЗИЈА ПРЕД ЛУКСУЗНА ЗГРАДА ВО МОНАКО Повреден е еден од најбогатите Украинци