ОДЛОЖЕНА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ Судот разгледува медицинска документација приложена во барање за одложување
Јакимовски побарал одложување на издржувањето на затворската казна поради здравствени причини. Од Кривичниот суд соопштија дека влегувањето во затвор се одложува додека не се донесе одлука по ова барање. Судијата за извршување санкции ја побарал медицинската документација на Јакимовски, за да може да пресече.
Издржувањето казна затвор за поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој на 2 јули требаше да влезе во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, засега се одлага, информираа од Кривичниот суд.
Имено, Јакимовски побара одложување на издржувањето на затворската казна поради здравствени причини. Од Кривичниот суд соопштија дека влегувањето во затвор се одложува додека не се донесе одлука по ова барање. Судијата за извршување санкции ја побарал медицинската документација на Јакимовски, за да може да пресече.
„Судијата за извршување санкции по приемот на барањето веднаш пристапил кон проверка на приложената медицинска документација. До двете приватни здравствени установи, кои ја издале документацијата поднесени се барања за проверка на 15.06.2026 како и ургенција на 26.06.2026 година, по кои барања сè уште се чека одговор, како би можел да донесе соодветна одлука“, велат од Судот.
Неодамна од Кривичниот суд информираа дека со пресуда на Апелација, поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, правосилно е осуден на една година затвор за изградбата на општинската зграда.
Сепак ова не значи дека Јакимовски токму една година ќе помине зад решетки, бидејќи во казната му се пресметува и времето од пет месеци кое го помина во притвор.