НЕЗАКОНСКА ОДЛУКА НА ЖЕРНОВСКИ ЌЕ ЈА ЧИНИ ОПШТИНА ЦЕНТАР 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА Изгубен е судскиот спор со „Пелагонија Гостивар“

Да се потсетиме дека и најавија истраги за тоа, кој ја донел оваа штетна одлука и најавија одговорност. Еве, осум години подоцна, одговорноста наместо кај СДСМ, падна врз грбот на центарци, да ги плаќаат нивните расипнички одлуки – рече советничката од ВМРО-ДПМНЕ Марина Вишинска.

353

Општина Центар крати пари од сите програми кои значат развој, за да се покријат дупките и штетите од неспособноста и расипничкото работење на градоначалниците на СДСМ во Центар – изјави денеска Марина Вишинска, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Додека центарци очекуваат повеќе инвестиции, подобра инфраструктура и поквалитетни услуги, локалната власт предводена од кадрите на СДСМ, со секој изминат ден, ја влечат општината во сопствената пропаст – рече советничката од ВМРО-ДПМНЕ.






Таа објасни дека, наместо скоро 2,5 милиони евра да се потрошат за за нови лулашки, нови улици и тротоари и велосипедски патеки, сега тие се трошат на судски тошоци и оштета затоа што Андреј Жерновски пред 10 години решил да го раскине договорот со „Пелагонија Гостивар” за изградба на нова катна гаража, за што општината има загубен спор на суд и треба да плати милионски пенали од буџетот на општината.

– Да се потсетиме дека и најавија истраги за тоа, кој ја донел оваа штетна одлука и најавија одговорност. Еве, осум години подоцна, одговорноста наместо кај СДСМ, падна врз грбот на центарци, да ги плаќаат нивните расипнички одлуки.

Истрага немаше, нема катна гаража, ги нема ниту парите за нејзина изградба, поради душманското работење на кадрите на СДС. А наместо одговорност, Жерновски доби повисоки политички позиции и трансфер во врвот на СДСМ како награда – рече советничката Вишинска.

Поврзани содржини