ВЕЧЕР НА СЕЌАВАЊЕ ЗА ВЛАДО ЈАНЕВСКИ Обожавателите ќе се соберат пред Арена „Борис Трајковски“

Настанот го организира продукцијата „Прагма“, која ги повика сите што ја сакале музиката на Јаневски да бидат дел од вечерта исполнета со спомени и емоции.

65

Фановите на македонската музичка легенда, пејачот и текстописец Владо Јаневски, кој почина на 66 – годишна возраст во Скопје, ќе се простат од него во 20 часот, пред Арената „Борис Трајковски”, каде ќе му оддадат последна почит со песни и свеќи.

Настанот го организира продукцијата „Прагма“, која ги повика сите што ја сакале музиката на Јаневски да бидат дел од вечерта исполнета со спомени и емоции.






„Да го испратиме со песна, тишина и љубов. Неговите мелодии ќе останат да живеат, бидејќи големите уметници никогаш не исчезнуваат“, порачаа организаторите.

По кратко боледување, на 66-годишна возраст во понеделникот, 29 јуни, почина познатиот музичар и пејач кој себе остави богата музичка кариера со безброј хитови кои ја одбележаа македонската поп-музика во изминатите неколку децении.

Цела естрада се простува од Јаневски. Меѓу имињата кои напишаа емотивни пораки за последно збогум се Калиопи, Игор Џамбазов, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Каролина Гочева, Слаткар, Влатко Лозановски, Дарио, Ребека…и многу други.

Поврзани содржини