7-ГОДИШНО ДЕТЕ ПОЧИНАЛО ОД ДЕБЕЛИНА, ИМАЛО 115 КИЛОГРАМИ Родителите ќе одговараат за убиство

Доколку бидат осудени за убиство и за тортура родителите на момчето, Џесика О'Брајан (41) и Демиен О'Брајан (40), се соочуваат со доживотен затвор.

132

Брачен пар од Мичиген деновиве е обвинет за тешко убиство, тортура и повеќекратна злоупотреба на дете поради смртта на нивниот 7-годишен син, кој тежел речиси 116 килограми во моментот на смртта!

Седумгодишниот Каспер О’Брајан починал на 4 ноември 2025 година откако службите за итни случаи и полицијата одговориле на повик на 911 од неговиот дом во Мичиген, на кој било пријавено дека момчето не дише. Според извештајот од обдукцијата, момчето починало од дилатациона кардиомиопатија, односно, зголемено и ослабено срце, за што придонела морбидната дебелина.






Тој бил врзан за креветот во моментот на смртта, а неговата исхрана се состоела главно од чипс и помфрит, се додава во извештајот.

Обвинителите ги обвинија родителите на момчето, Џесика О’Брајан (41) и Демиен О’Брајан (40) за убиство од втор степен, за три точки за злоупотреба на деца од втор степен и за тортура.

Доколку бидат осудени за убиство и за тортура, тие се соочуваат со доживотен затвор.

Се верува дека ова е првиот случај во Соединетите Американски Држави во кој родителите се обвинети за убиство поврзано со морбидната дебелина на нивното дете. Обвинителите тврдат дека смртта на момчето следела по години занемарување.

Каспер не одел на училиште и добивал минимална медицинска нега и покрај тоа што имал аутизам, според судските документи. Момчето последен пат било прегледано од матичен лекар во февруари 2024 година, кога тежело околу 45 килограми, што значи дека се здебелил над 60 килограми за помалку од 2 години. Каспер, кој бил висок 120 сантиметри во времето на неговата смрт, тежел околу 4 пати повеќе од просекот за дете со негова висина.

Фото: Принтскрин

 

Во кривичната пријава се тврди и дека момчето било „неподвижно“ затоа што неговите родители не му обезбедиле рутина за вежбање и дека го чистеле со влажни марамчиња затоа што не сакал да биде мокар. Во пријавата се тврди дека ова се случило и покрај тоа што О’Брајан имал семејно здравствено осигурување преку неговата ИТ работа.

Според пријавата, родителите се јавиле на ветеринар утрото на смртта на Каспер за да се распрашаат за здравјето на нивното куче!

– На прв поглед, ова е случај на сурово и екстремно страдање предизвикано од родителско занемарување. Ова е тажен и ужасен случај што вклучува несовесно и намерно занемарување на грижата, благосостојбата и медицинските потреби на сопствениот син – рече окружниот обвинител на округот Џенеси, Дејвид Лејтон.

Лејтон, исто така, вели дека родителите биле компулсивни собирачи на ѓубре и дека куќата била во хаос кога службите за итни случаи пристигнале минатиот ноември, со купишта ѓубре расфрлани насекаде.

Двојката  О’Брајан се обвинети и за злоставување и занемарување на сестрата на Каспер, 5-годишната Илеана О’Брајан.

И за неа било утврдено дека е морбидно дебела кога властите пристигнале во домот. Таа сега е во привремено згрижувачко семејство.

Елиас Фанус, адвокатот на Демиен О’Брајан, вели дека е „прерано да се коментираат обвинувањата и обвиненијата со кои се соочува О’Брајан“.

– Како и во сите кривични постапки, О’Брајан се смета за невин сè додека не се докаже на суд дека е виновен надвор од разумно сомнение – рече Фанус.

Трејси Гисберт, адвокатката на Џесика О’Брајан, вели дека е прерано да се коментира и дека „ова е трагична ситуација“.

Во известувањето за смртта на Каспер, објавено пред неговиот погреб минатата година, се вели дека тој бил „светло, слатко момче чиј радосен дух ги допирал сите околу него“.

 

Поврзани содржини