КОЈ САКА ДА ДАРУВА ОРГАНИ ПОСЛЕ СМРТТА МОЖЕ ДА ДАДЕ СОГЛАСНОСТ КАЈ МАТИЧНИОТ ЛЕКАР Усвоени измените на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело

Отсега државата нема да претпоставува, туку граѓанинот сам ќе одлучи и ќе може да каже да, сакам по мојата смрт да помогнам некој друг да живее, тоа не е мој избор. Тоа е највисокиот степен на почитување на човечкото достоинсто и личната автономија на нашите граѓани, рече министерот за здравствво, Азор Алиу.

1

Собранието со 58 гласа „за“ и 6 „против“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, по скратена постапка.

Министерот за здравство Азир Алиу, образложувајќи го законот рече дека решението има големо значење.  Трансплантацијата, нагласи тој, не е само медицинска постапка, туку е живот, надеж и можност еден човек и по неговата смрт да продлжи да живее преку животот на некој друг.






– Измените не се само правни и административни, туку се една порака дека нашиот здравствен систем се гради врз достоинството на човекот, солидарноста и почитувањето на личнат волја. Со овој закон првично се проширува кругот на можни живи дарители на органи и се вклчуваат сродниците до четврто колено, но истовремено ги зајакнуваме и заштитните механизми и секој случај ќе биде предмет на проценка од Етичката комисија, која ќе ја утврди доброволната одлука и ќе гарантира дека нема притисок, злоупотреба или трговија со органи – изјави Алиу.

Втора најзначајна промена, нагласи Алиу, е воведување на јасна и лична изјава на секој граѓанин за дарување на органи по својата смрт.

– Отсега државата нема да претпоставува, туку граѓанинот сам ќе одлучи и ќе може да каже да, сакам по мојата смрт да помогнам некој друг да живее, тоа не е мој избор. Тоа е највисокиот степен на почитување на човечкото достоинсто и личната автономија на нашите граѓани – порача Алиу.

Пратеникот Илир Хасани од ДУИ, рече дека законот е многу значен за сите и треба да се поддржи, но нагласи дека проблем е изјавата за давање согласност и кој сè може да ја види.

– Мислам дека треба требаше да се создаде терен за поддршка на овој закон. Јас како Илир не се чувствувам сигурен моето име Илир да го има на некоја листа за можна трансплантација, бидејќи, хипотетчки би бил таргет и можност за некој мене да ме искористи за давање или земање органи. За жал, во оваа форма како што е напишан овој закон, јас нема да дадам поддршка – изјави Хасани.

Со новите одредби, секој полнолетен граѓанин може доброволно да изрази согласност за донорство, кај својот избран лекар или преку мобилна апликација „Мое здравје“. Истиот систем овозможува и повлекување на согласноста во секое време, преку нотарска изјава. Националната листа на донори ќе се води во Националниот систем за електронски евиденции во здравството.

Една од најважните промени е дека семејството на починатото лице не може да го спречи донорството, доколку лицето пред смртта изречно дало согласност, што ќе ги зголеми шансите за пациентите кои чекаат орган за трансплантација и ќе ја намали зависноста од одлуките на роднините.

Поврзани содржини