ВЧЕРА БИЛ ЦРН ДЕН ЗА МОТОРЏИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Тројца повредени во три одвоени сообраќајки

Во Скопје, Ресен и Гостивар мопедисти се здобиле со тешки повреди по судири со патнички автомобили.

268

Тројца мопедисти се здобиле со тешки телесни повреди во три одвоени сообраќајни несреќи што вчера се случиле во Скопје, Ресен и Гостивар.

Првата несреќа била пријавена околу 8:40 часот на регионалниот пат Скопје–Велес, каде што се судриле патнички автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 75-годишниот Г.С. од Скопје, и мопед „Хамачи“, кој го управувал 54-годишниот Т.Т. од Скопје. Во судирот мопедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.






Неколку часа подоцна, околу 14:35 часот, на регионалниот пат Гостивар–Вруток, во селото Здуње, дошло до судир меѓу патнички автомобил „Опел“, управуван од 44-годишниот Б.Ј. од Гостивар, и мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 26-годишниот М.Т. од Гостивар. И тој мопедист се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар.

Третата несреќа се случила околу 17:25 часот на крстосницата меѓу улиците „Кочо Рацин“ и „Христо Герасовски“ во Ресен. Во судирот учествувале автомобил „Мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од 22-годишниот Љ.Н. од селото Дрмени, и мопед што го управувал 48-годишниот М.Т. од Ресен. Возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Увид на местата на трите сообраќајни несреќи извршиле увидни екипи на Министерството за внатрешни работи, кои ги утврдуваат причините за несреќите.

Поврзани содржини