ОЧЕКУВАМЕ 3,5 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ ВО 2026 ГОДИНА Мицкоски најавува натамошно субвенционирање на авиолиниите

Аеродромите забележуваат веќе двоцифрен број проценти зголемување ан бројот на патници. Да речеме скопскиот, имаше и до 30% зголемување, споредено со истиот период од минатата година – рече премиерот Мицкоски.

33

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање за ефектите на субвенциите во авиосообраќајот, рече дека политиката на субвенционирање на авиолинии и отворање на нови, продолжува.

– Отворивме неколку, десетици такви би рекол, во изминативе две години и тоа е резултатот. Бројката оваа година очекуваме да достигне до 3,5 милиони патници. Веќе двоцифрен број проценти аеродромите забележуваат зголемување. Во одредена мера, да речеме скопскиот, имаше и до 30% зголемување, споредено со истиот период од минатата година. Така што продолжуваме со оваа политика на отворање на нови авиолинии и онаму каде што има интерес, како што се дестинациите Сицилија, Сардиниа, продолжуваме со поддршка на тие линии. За нас тоа е многу важно и како држава планираме да бидеме регионален хаб од каде што ќе може да се поврзат граѓаните од регионот со останатите дестинации во Европа, па зошто да не и во светот. Во услови на најголема светска криза, енергетска, во услови кога сите ги затвараат своите граници, ние со керозин од Македонија, снабдувавме неколку регионални аеродроми од тука – рече Мицкоски.






Поврзани содржини