БУЏЕТОТ ЗА КУЛТУРАТА Е ЗГОЛЕМЕН ЗА 34% ВО ОДНОС НА 2023 ГОДИНА Мицкоски вели дека ќе биде доволен за реализација на капиталните проекти

Премиерот најави дека со последниот ребаланс на буџетот на културата ќе и се даде дополнителен износ, ако се оцени дека има потреба за тоа.

2

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека зголемувањето на буџетот за култура ќе бидат доволен да засили градежната активност на нови објекти и ако биде потребно со последниот  ребаланс на буџетот, културата ќе добие дополнителен износ.

Тој рече дека споредено со 2023 година буџетот во културата е зголемен за  34% а во фокус се реализирањето на капитални проекти.






– Тука пред сѐ се оние тековни, како што Библиотеката во Тетово, Универзалната сала во Скопје, Турскиот театар, Џез салата и така натаму, сега да не ги редам еден по еден, тоа се многу проекти коишто се во фаза на реализација или ќе отпочнат со фаза на реализација. И очекувам дека овие средства ќе бидат доволни оваа година да се засилат градежните активности на нови објекти и ако е потребно на крај на година, при таа конечна прераспределба, ќе додадеме и дополнително – реле Мицкоски.

Според него, важно е да се трошат пари за капитални инвестиции, бидејќи тие создаваат додадена вредност и тие се тие кои што влијаат врз квалитетот на граѓаните.

-Да не се трошат за друг тип на трансфери или како што веќе споменав, наместо да се гради, да се краде. Така за жал имавме случаи во државата со децении во минатото – рече Мицкоски.

Поврзани содржини