ПОСЛЕДНО ЗБОГУВАЊЕ СО ВЛАДО ЈАНЕВСКИ Погребот ќе се одржи в среда на гробиштата во Бутел

Авалон продукција информира дека погребот на Владо Јаневски ќе се одржи в среда на Градските гробишта во Бутел, а збогувањето ќе биде во капелата од 10 до 11 часот.

501

Од Авалон продукција соопштија дека ја добиле информацијата од семејството на починатиот Владо Јаневски и ја пренесуваат до јавноста.

„Добивме информација од семејството на Владо Јаневски и презедовме обврска истата да ја споделиме со пошироката јавност“, соопштија од продукцијата.






Според објавата, сите кои сакаат да се збогуваат за последен пат со Јаневски ќе можат тоа да го сторат во капелата на Градските гробишта во Бутел, в среда (1 јули) во периодот од 10 до 11 часот.

Погребот ќе се одржи веднаш потоа на Градските гробишта во Бутел.

„Има нешто посилно од сѐ“, стои на крајот од соопштението.

Поврзани содржини