ГРОМ ПРЕДИЗВИКА ПОЖАР ВО ПРИЛЕПСКО Изгоре помошен објект во Крушевица

Огнот бил локализиран од прилепските пожарникари, нема повредени лица

98

Удар од гром предизвикал пожар во помошен објект во селото Крушевица, во прилепскиот регион.

Полицијата соопшти дека вчера извршила увид на местото, откако било пријавено дека гром удрил во помошна просторија во сопственост на жител на селото, при што избувнал пожар.






На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Прилеп, која успеала да го локализира огнот и да спречи негово ширење.

Во пожарот нема повредени лица, а причината за избувнувањето е ударот од гром.

Поврзани содржини