ПУКАЛ ПА САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА На гостиварец му е одземен пиштол
По инцидентот нема повредени лица, против 65-годишниот гостиварец ќе биде поднесена соодветна пријава
Во Гостивар ноќеска биле испукани неколку истрели од огнено оружје од патничко возило, а неколку часа подоцна во полициската станица сам се пријавил 65-годишен жител на градот, од кого бил одземен пиштол.
Според информациите од СВР Тетово, инцидентот бил пријавен околу 00:13 часот, кога било соопштено дека непознато лице, кое се движело со возило „џип“, испукало неколку истрели, по што заминало кон центарот на Гостивар.
Во пукањето нема пријавено повредени лица.
Околу два часа подоцна, во 02:10 часот, во Полициската станица во Гостивар сам се пријавил А.М. (65) од Гостивар. Од него биле одземени пиштол „берета“, кој го поседувал со дозвола, една рамка со осум куршуми и уште една празна рамка за истото оружје.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, а по неговото документирање против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.