КАЈ ИМ ТЕКНУВА – СО ЕЛЕКТРИЧЕН ПАРАЛИЗАТОР ОГРАБИЛ ПРОДАВНИЦА? Украл пари и производи од прилепски колонијал
По разбојништвото, сторителот избегал, а полицијата презема мерки за негово пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.
Непознат напаѓач ја нападнал вработената во колонијална продавница со помош на електричен парализатор, по што избегал со пленот – соопшти полицијата.
Полицијата трага по сторителот на разбојништво што вчера се случило во колонијална продавница во Прилеп, при што била нападната вработена.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 13 часот во ОВР Прилеп. Непознато лице влегло во продавницата и употребило електричен парализатор врз вработената, по што од објектот одзело пари и различни производи.
По разбојништвото, сторителот избегал, а полицијата презема мерки за негово пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.