МЕЃУНАРОДНА ИЗЛОЖБА НА МОТОЦИКЛИ ВО ПАРКОТ НА ФРАНКОФОНИЈА По петти пат „CRUISE CULT – The Art of the Motorcycle“

Изложбата ќе биде отворена од 12 до 18 часот в сабота, а програмата ќе биде збогатена со настапите на блуз и рок групите In The Mood & Band, Eruption и Saigon.

53

Повеќе од 90 мотоцикли од Англија, Холандија, Германија, Белгија и Македонија утре од 12 до 18 часот ќе бидат изложени во Паркот на Франкофонија во рамките на петтото издание на меѓународната манифестација  „CRUISE CULT – The Art of the Motorcycle 2026“, финансиски поддржана од Општина Центар и Министерството за култура и туризам.

Како што соопштуваат од Општина Центар, посетителите ќе имаат можност да разгледаат уникатни примероци на мотоцикли во повеќе категории, уметнички дела, односно цртежи изработени на самите мотоцикли, а ќе бидат доделени и награди (вредносни ваучери од спонзори) за најдобрите примероци на мотоцикли во различни класи.






– Ги поканувам сите граѓани, а пред сè љубителите на моторите и моторџиската култура, да го посетат овој атрактивен настан и да се препуштат на едно посебно искуство на дружење, добра музика и уметност. Општина Центар продолжува да поддржува манифестации кои ја збогатуваат разновидната културна понуда и го прават Центар препознатливо место за квалитетни содржини – порача градоначалникот на Општина Центар  Горан Герасимовски.

Програмата ќе биде збогатена и со настапите на блуз и рок групите In The Mood & Band, Eruption и Saigon.

Поврзани содржини