РУБИО СО ОСТРА ПОРАКА ДО ИРАН Америка нема да прифати договор по секоја цена

Марко Рубио од Бахреин порача дека САД нема да прифатат договор со Иран доколку тоа ја загрози стабилноста во Ормускиот Тесниец, додека тензиите во регионот продолжуваат да растат.

72

Американскиот државен секретар Марко Рубио порача дека САД не сакаат договор со Иран по секоја цена, предупредувајќи дека премногу компромиси би можеле да доведат до „тотален хаос“ во чувствителниот регион околу Ормускиот Теснец.

Зборувајќи за време на турнејата низ земјите од Персискиот Залив, Рубио во Бахреин истакна дека Вашингтон останува отворен за договор, но не по цена што би ја загрозила глобалната безбедност и слободата на поморскиот сообраќај.






– Дури и ако сакаме договор, не сакаме договор по секоја цена – рече Рубио.

Тој се осврна на можните економски мерки поврзани со Ормускиот Теснец, каде што Иран, според наводи, разгледува воведување такси или патарини за премин – потег кој САД категорично го отфрлаат.

– Ако прифатиме дека користењето на меѓународен воден пат може да се наплаќа само затоа што е блиску до нечија територија, тоа би можело да се прошири како глобален преседан – предупреди Рубио.

Во меѓувреме, Корпусот на Исламската револуционерна гарда претходно предупреди дека секое неовластено поминување низ Ормускиот Теснец ќе биде санкционирано, што дополнително ја зголемува тензијата во регионот.

Ормускиот Теснец останува клучна точка на несогласување меѓу Техеран и Вашингтон, особено по неодамнешните воени и политички тензии.

Според наводи на француски медиуми, во рамки на договорот за завршување на конфликтот било предвидено комерцијалниот бродски сообраќај низ теснината да биде слободен, но само во ограничен временски период од 60 дена.

Поврзани содржини