📷 БОГ Е ЉУБОВ, НАПИША ЃОРЃИЕВСКИ ОД ЕРУСАЛИМ Градоначалникот на Скопје го посети Божјиот гроб

Во објава од Ерусалим, Орце Ѓорѓиевски сподели емотивна порака за посетата на едно од најсветите места во христијанството. Градоначалникот на Скопје присустува на меѓународниот саем MUNI EXPO во Тел Авив, значаен меѓународен настан посветен на паметните градови и локалната самоуправа.

729

„Миг во кој човек замолчува, а душата зборува. Највозвишено чувство кое не се опишува со зборови. Бог е љубов“.

Вака напиша градоначалникот на Скопје кој е во посета на Божјиот гроб во Ерусалим.

Ѓорѓиевски, присуствува на меѓународниот саем MUNI EXPO во Тел Авив, Израел, на еден од најзначајните меѓународни настани посветени на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и современото управување со кризи.

Градоначалникот соопшти дека на настанот, на кој учествуваат претставници на градови, институции и компании од повеќе земји, се разменуваат искуства и современи решенија за поефикасно функционирање на локалните власти.

Ѓорѓиевски посочи дека Скопје треба да ги применува најдобрите светски практики во дигиталните услуги, комуналното управување и кризното менаџирање.

Поврзани содржини