ВО СРЕДА И ВО САБОТА САМО ЖЕНИ МОЖЕ ДА СЕ КАПАТ ВО ГРАДСКИОТ БАЗЕН ВО ТЕТОВО Влезницата за жените е поевтина

Тие термини се предвидени за базенот да го користат само жени и девојки, бидејќи не сакале да има мешање со мажи на базенот. Тоа е направено според барање на граѓаните односно граѓанките од Тетово, вели Назми Даути, раководител на секторот за Јавни дејности на Општина Тетово.

141

Градскиот базен во Тетово воведе посебни термини кога може да се капат само жени и девојки. Термините се во среда и во сабота од 8:30 до 12 часот.

– Тие термини се предвидени за базенот да го користат само жени и девојки, бидејќи не сакале да има мешање со мажи на базенот. Тоа е направено според барање на граѓаните односно граѓанките од Тетово – вели Назми Даути, раководител на секторот за Јавни дејности на Општина Тетово, пренесе СДК.мк.






Општина Тетово на својата страница на Фејсбук објави дека градскиот базен од 12.01.2026 (понеделник) до 01.03.2026 (недела), во периодот од 08:30 до 16:00 часот, ќе може да го користат сите граѓани.

Општина Тетово на Фејсбук објави и дека цената на влезницата е 150 денари за машки и 100 денари за женски лица.

Со завршување на учебната година градскиот базен ги отвори вратите за сите посетители. Во текот на школската година базенот е наменет само да учениците од тетовските училишта.

Според летната шема базенот во Тетово е отворен од понеделник до петок од 8:30 до 16:30 часот, а за време на викендот од 9 до 21 часот.

Градскиот затворен базен почна да се гради во 2020 година со пари од тогашното Министерство за спорт и млади, како дел од проектот за изградба на 14 базени. Изградбата беше завршена при крајот на 2021 година, но не работеше бидејќи се чекаше дополнително да се изгради соларен систем за загревање на водата. Во јули 2022, откако беа поставени фотовалтаиците на покривот, тој повторно беше пуштен во употреба. За неговата целосна изградба се потрошени околу 800.000 евра.

 

Поврзани содржини