„НЕ ВЕРУВАА ДЕКА ЌЕ ОСТАНАМ ПОВЕЌЕ ОД ЧЕТИРИ ДЕНА“ Мадона откри зошто пропаднал проектот во Србија

Поп-ѕвездата откри дека поради високите трошоци барала алтернативни локации за снимање, а една од опциите била Србија.

172

Кралицата на поп-музиката Madonna откри дека биографскиот филм за нејзиниот живот, кој подоцна не беше реализиран, можел да се снима во Србија.

Во разговор за проектот посветен на нејзиниот живот и кариера, Мадона објасни дека со години работела на сценариото и развојот на филмот во соработка со „Universal Studios“, но дека проектот на крајот пропаднал поради несогласувања околу буџетот.






– Требаше да снимам филм за мојот живот. Работев на сценариото две години и поминав уште две години во „Universal Studios“ со продуцентите кои работеа на буџетот и кастингот. Се расправавме за буџетот, бидејќи ми беше потребен. Имав извонреден живот, па ми требаше голем буџет – изјавила Мадона.

Таа открила дека во еден момент била разгледувана можноста снимањето да се пресели во Србија за да се намалат трошоците.

– Најдов начин да го направам тоа за помалку пари во Србија, но не мислам дека им се допадна идејата. Една од нивните први реакции беше: „Не веруваме дека би останале во Србија повеќе од четири дена“. Тогаш ги прашав: „Дали го прочитавте сценариото? Целиот мој живот беше борба за преживување. Не одам таму на одмор“ – рекла пејачката.

По пропаѓањето на филмскиот проект, како што објаснила, била контактирана од „Netflix“ со предлог нејзината животна приказна да биде преточена во серија.

– Бев во неизвесност кога проектот се распадна, а потоа ме контактираа од „Netflix“ кои сакаа да направат серија. Тоа беше сосема поинаков и долг процес, бидејќи не можев да го користам сценариото за „Universal“ освен ако не го купам од нив по многу висока цена, иако јас го напишав – изјавила Мадона.

Изјавата повторно го актуализира прашањето за биографскиот проект посветен на една од највлијателните музички ѕвезди во светот, чија кариера трае повеќе од четири децении.

Поврзани содржини