ФРАНЦИЈА ГОРИ ОД ТОПЛИНА Срушен рекорд стар 78 години
Франција го регистрира најтоплиот ден од почетокот на мерењата во 1947 година, со соборени температурни рекорди и аларм од метеоролозите за нови топлотни екстреми.
Денеска е регистриран најтоплиот ден во Франција од почетокот на систематските мерења во 1947 година, при што се соборени повеќе температурни рекорди во западниот дел на земјата, соопшти Француската национална метеоролошка служба.
Националниот термички индекс, кој ја претставува просечната вредност на дневните и ноќните температури во 30 референтни метеоролошки станици, достигна 29,8 степени, според прелиминарните податоци.
„Оваа вредност е повисока од претходните рекорди од 25 јули 2019 година и од 5 август 2003 година, кога индексот изнесуваше 29,4 степени“, соопшти метеоролошката служба.
Според експертите, ваквите температурни екстреми укажуваат на зголемена зачестеност на топлотни бранови во Европа во последните години, што дополнително го зголемува притисокот врз здравствениот систем и инфраструктурата.