НЕВРЕМЕТО ГИ ПОГОДИ ШТИП И ГЕВГЕЛИЈА Град, грмежи и силен ветер ја зафатија југоисточна Македонија

Нестабилна облачна маса предизвика невреме во повеќе региони во Македонија, со поројни дождови, град и силен ветер. Најкритично е во Охридско-преспанскиот регион.

86

Невреме со јак пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град има во регионите на Штип и Гевгелија, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Невремето, како што посочуваат од УХМР, полека се движи кон југоисток






Критично во Охридско-преспанскиот регион

Најсериозна е состојбата во југозападниот дел од земјата, каде невремето е во полн ек.

Преспански регион: Ситуацијата континуирано ескалира. По првичниот налет на пороен дожд, грмежи и локална појава на град, во последните минути атмосферата полека се стратифицира, но сè уште има појава на поројни врнежи, ретки грмежи и засилен ветер.

Охрид и Струга: Силно невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град претходно го зафати подрачјето северно од Охрид. Облачноста моментално се проширува и северно од Струга. Источно од Охрид, покрај засилениот ветер, е забележана и појава на суградица.

Невреме во Гостиварско, Кумановско и Кочанско

Покрај југозападниот дел, во текот на изминатиот час сериозна нестабилност со локални непогоди беше регистрирана и во други делови на Македонија:

Гостивар: Јужно од градот е забележано силно невреме со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град.

Куманово: Во регионот јужно од Куманово падна град, проследен со поројни врнежи и засилен ветер.

Кочани: Источно од Кочани беше регистрирана активна нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и електрични празнења.

Од УХМР апелираат на внимателност, особено кај граѓаните кои се наоѓаат на отворен простор или патуваат низ засегнатите региони, со оглед на тоа што процесите се интензивни и проследени со силен ветер и намалена видливост.

Поврзани содржини