КАМИОН УСМРТИ ПЕШАК ВО ВЕЛЕС Камионџијата е уапсен
Товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(55) од Велес, удрило во пешакот О.Ѓ.(54) од Велес, кој починал на самото место, соопшти полицијата од Велес.
Камион усмрти 54-годишен маж вчера во Велес. Полицијата го уапси 55-годишниот возач.
„На 22.6.2026 година во СВР Велес е пријавено дека околу 11 часот на улицата Раштански пат во Велес, товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(55) од Велес, удрило во пешакот О.Ѓ.(54) од Велес“, соопшти велешката полиција.
Од здобиените повреди пешакот починал на самото место на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Велес, се додава во соопштението.
„Возачот С.Д. е лишен од слобода, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција“, додава полицијата.