12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ИРАН, АМА ПОД КЛУЧ Техеран ќе мора да купува храна преку американски канали?

САД одмрзнаа 12 милијарди долари ирански средства како дел од новиот мировен договор, пишува Ал Џезира. Парите нема да бидат слободно достапни, туку ќе можат да се користат само за храна, лекови и за набавки преку одобрени финансиски канали.

199

Милијарди долари повторно стануваат достапни за Иран, но под строги американски услови, вели извор за Ал Џезира. Белата куќа одобри ослободување на првите 12 милијарди долари замрзнати средства, додека администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, постави јасни правила за нивното трошење.

Според рамката на новиот мировен договор, Техеран ќе добие пристап до средства што со години беа блокирани во странство поради санкции, меѓу нив и средства замрзнати во Швајцарија.






Клучниот услов е парите да не се користат како неограничен кеш.

Наместо тоа, средствата ќе бидат наменети за купување храна, лекови и други цивилни производи преку пазари и преку финансиски канали одобрени од САД.

Американските власти со години предупредуваат дека директното ослободување на средствата би можело да овозможи дел од нив да завршат кај Корпусот на Исламската револуционерна гарда.

Со договор и до 50 милијарди долари

Според извори запознаени со преговорите, првично биле договорени две транши од по 6 милијарди долари.

Во текот на следните 60 дена, колку што треба да траат разговорите за конечен договор, можно е да бидат отклучени уште 12 милијарди долари.

Доколку двете страни постигнат траен мировен договор, вкупното олеснување од санкциите и ослободените средства би можело да достигне дури 50 милијарди долари.

Засега не е познато дали Техеран целосно се согласува со условот средствата да се користат преку американски одобрени канали, но иранските власти јавно не ја отфрлија оваа одредба.

Поврзани содржини