ИЗРАЕЛ НАМЕРНО ГИ УБИВАЛ ДЕЦАТА ВО ГАЗА Според Обединетите нации, земјата извршила геноцид

Во војната во Појасот Газа загинале најмалку 20.179 деца, се наведува во извештајот на независната истражна комисија на Обединетите нации.

179

Израелските власти и безбедносните сили намерно ги таргетирале палестинските деца, поради што нападите се окарактеризирани како геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени во Појасот Газа и во окупираниот Западен Брег, се наведува во денеска објавениот извештајот на независната истражна комисија на Обединетите нации.

Со истрагата е опфатен периодот на војната помеѓу Израел и Хамас, што почна на 7 октомври 2023 година. Во извештајот се посочува дека во војната во Појасот Газа загинале најмалку 20.179 деца, што е 30 проценти од вкупниот број на загинати.






– Доказите сугерираат дека палестинските деца биле намерно напаѓани и убивани од страна на израелските безбедносни сили – истакна претседателот на комисијата, Сринивасан Мураледхаран.

Во извештајот се посочува и дека деца гинеле и по примирјето помеѓу Израел и Хамас, постигнато во октомври 2025 година.

Поврзани содржини