АРБЕН ТАРАВАРИ ПРАЌА ИШАРЕТ ДЕКА БИ СЕ ВРАТИЛ ВО ВЛАДАТА „За тоа е потребен нов договор“

Таравари изјави дека е „понижувачки да се влезе од каде што си заминал“, но не ја исклучува можноста тоа да се случи со нов договор.

687

Првиот човек на Алијансата за Албанците Арбен Таравари не ја исклучува можноста од враќање во извршната власт.

Во емисијата „Дебата не Шења“ и прашан дали може да се случи враќање на Алијансата за Албанците во Владата, претседателот на А Арбен Таравари изјави дека е „понижувачки да се влезе од каде што си заминал“, но не ја исклучува можноста тоа да се случи со нов договор.






– Само со нов договор во кој би имало барем гаранција за почеток на преговорите со ЕУ и уставни измени во тој случај може да се разговара – рече Таравари, додавајќи дека во спротивно нема што да се разговара.

Поврзани содржини