ПЕКОЛНИ 36 СТЕПЕНИ ПА ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ Метеоролозите предупредуваат на интензивни процеси

Циклонска активност со центар над Турција носи нестабилно време во Македонија, со дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град, додека температурите ќе достигнат до 36 степени.

108

Под влијание на циклонска активност со центар над Турција, Македонија ќе биде зафатена од нестабилна временска состојба, проследена со развој на облачност, дожд, грмежи и засилен ветер.

Според најавите на метеоролозите, локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни, при што се очекува пообилен пороен дожд, силни налети на ветер и појава на град.






Утринските температури ќе се движат од 11 степени во Берово до 19 степени во Гевгелија, додека дневните ќе достигнат од 26 степени во Маврово до 36 степени во Гевгелија.

Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови се очекува развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 33 степени.

Според прогнозите, нестабилното време ќе продолжи и во текот на следниот ден. Под влијание на истиот циклонски систем повторно ќе има услови за дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се можни пообилни врнежи, силен ветер и град.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 20 степени, а максималните ќе достигнат од 30 до 37 степени.

Во четврток се очекува претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Температурите во четврток ќе се движат од 11 до 20 степени наутро, додека дневните ќе достигнат од 30 до 38 степени.

Поврзани содржини