📽️ ГО ОДБИЛЕ, ГО ПОНИЖИЛЕ, НО НЕ СЕ ОТКАЖАЛ Јунакот на Германија, Дениз Ундав работел во фабрика за 560 евра месечно

Германскиот репрезентативец Дениз Ундав, кој постигна два гола против Брегот на Слоновата Коска, некогаш работел во фабрика и заработувал само 560 евра месечно додека играл во четвртата лига.

125

Со два гола во драматичната победа на Германија од 2:1 против Брегот на Слоновата Коска, германскиот репрезентативец Дениз Ундав повторно се најде во центарот на вниманието. Но, зад неговата фудбалска слава се крие животна приказна исполнета со сиромаштија, тешка работа и бројни откажувања.

Ундав пораснал во градот Ачим, во близина на Бремен. Неговите родители се курдски Језиди со потекло од селото Исакли во регионот Вираншехир, во близина на турско-сириската граница. Како дете навивал за Вердер Бремен и сонувал еден ден да стане професионален фудбалер.






Но, неговиот пат кон врвот не бил лесен.

На само 14 години добил удар кој можел целосно да ја уништи неговата кариера. Од Вердер му било кажано дека нема иднина во клубот затоа што е премногу низок.

– Кога ми кажаа во Вердер дека нема место за мене бидејќи сум премногу низок, срцето ми се скрши. Но, не се откажав – раскажува Ундав.

Неколку години подоцна, на 17-годишна возраст, го напуштил семејниот дом и потпишал за клуб од четвртата германска лига. Истовремено морал и да работи за да преживее.

Во локална фабрика управувал ласерска машина и заработувал околу 140 евра неделно, односно приближно 560 евра месечно.

– Станував околу четири часот наутро, одев во фабрика, потоа на тренинг, а дома се враќав околу осум навечер. Следниот ден сè почнуваше одново – открива германскиот репрезентативец.

Големиот пресврт во неговата кариера се случил во 2020 година кога потпишал за белгискиот клуб Унион Сан-Жил. Таму блеснал со своите настапи и помогнал клубот да избори место во елитата.

Подоцна следувал трансфер во Брајтон, а потоа и позајмица во Штутгарт.

Штутгарт во 2024 година реши целосно да го откупи неговиот договор, а тоа се покажа како одлична инвестиција. Во сезоната 2025/26 Ундав постигна 19 голови и заврши како втор најдобар стрелец во Бундеслигата, веднаш зад Harry Kane.

Денес, човекот кој некогаш работел во фабрика за да може да си го плати животот, е еден од најважните играчи на германската репрезентација и пример дека упорноста понекогаш вреди повеќе од талентот.

Поврзани содржини