📽️ РЕД И ЧИСТОТА ЗА ПОУРЕДНО СКОПЈЕ Улиците секојдневно се перат, ѓубрето се собира
Скопскиот градоначалник сподели снимка порачувајќи дека редовно се чистат улиците и јавните простори низ градот. Орце Ѓорѓиевски порача дека грижата за хигиената и за уредената околина останува еден од приоритетите на градските власти.
„Скопје, какво што го заслужуваме! Ред, чистота и грижа секој ден. Улиците се перат континуирано, јавните површини се одржуваат, а градот добива поубав и поуреден лик. Затоа што го сакаме Скопје! Да го чуваме!“