🎥 РОД СТЈУАРТ НА КИСЛОРОД Британскиот пејач речиси се онесвести среде концерт во Америка
На средина од песната „Young Turks“, британскиот пејач побара помош и го продолжи остатокот од вечерта седејќи. Откако прими кислород, го продолжи концертот
Сер Род Стјуарт (81) беше принуден накратко да го прекине својот американски концерт во Јута, САД и да прими кислород од боца откако речиси се онесвести на сцената. Пејачот, кој откажа неколку концерти во мај и претходно овој месец поради здравствени проблеми, пишува британскиот Метро, изгледаше лошо и беше згрбавен за време на настапот во салата Utah First Credit Union Amphitheatre.
Видео објавено од TMZ ја покажува 81-годишната ѕвезда како се потпира на пијано и се фаќа за делови од сценографијата за да ја одржи рамнотежата за време на изведбата на песната „Young Turks“, пред персоналот од сцената да донесе боца со кислород. И покрај ова, тој продолжи да пее во текот на целата песна. Откако со гест повика помош од страна, му пријде тим од тројца, кој му даде кислород, му помагаше и го придржуваше.
View this post on Instagram
Сер Стјуарт, кој продолжува со многу интензивен распоред на турнеи, подоцна ѝ кажа на публиката дека „скоро, по ѓаволите, се онесвестил“, но дека „шоуто мора да продолжи“. По неколку шеги, ја праша публиката дали би им пречело ако го изведе својот следен хит седејќи на скалите од сцената, а остатокот од концертот го одработи на стол.
View this post on Instagram
Британската ѕвезда претходно во последен момент ги откажа настапите на 29 и 30 мај од неговата серија резиденцијални настапи „The Encore Shows“ во салата The Colosseum at Caesars Palace во Лас Вегас, откако лекарите му препишаа гласовен одмор поради синузитис. Тој, исто така, го откажа концертот во Калифорнија на 12 јуни, само неколку часа пред да започне откако доби ларингитис.