📽️ НОЌ НА ЕКСПЛОЗИИ НА КРИМ И ВО МОСКОВСКАТА ОБЛАСТ Украина изврши нов силен напад

Украинските сили во текот на ноќта извршиле серија напади со беспилотни летала врз цели во Крим и на други окупирани територии, додека руската воздушна одбрана дејствувала и во Московската област.

156

Експлозии рано наутро во понеделникот одекнале во повеќе делови на окупиран Крим и во јужните региони под руска контрола, пренесоа западите медиуми. Активност на противвоздушната одбрана била забележана и во близина на Москва, по новиот бран украински напади со дронови.

Засега нема официјална потврда за евентуални директни погодоци, ниту за обемот на штетите.






Цел била и електрана на Крим

Според проукраинскиот Телеграм-канал „Кримски ветер“, мета на нападите била термоцентралата Тавријска на Крим.

Нападот предизвикал реакција на руската противвоздушна одбрана, која дејствувала во повеќе делови на полуостровот.

Во исто време, според каналот Ексиленова Плус, експлозии биле пријавени и во окупираните делови на Доњецката и на Запорошката област.

 

Пожар во Берѓанск

Истиот извор наведува дека голем пожар избувнал во окупираниот Бердјанск, во Запорошката област.

Во моментот нема независна потврда за причините за пожарот, ниту за евентуалните последици врз инфраструктурата.

Воздушна одбрана активна и кај Москва

Руската противвоздушна одбрана интервенирала и во Московската област.

Според локални извештаи, пресретнати биле беспилотни летала во близина на московската рафинерија за нафта, како и на други локации околу главниот град.

Официјалните руски власти засега не соопштиле дали некоја од целите била погодена.

Продолжува притисокот врз енергетската инфраструктура

Ноќните напади се дел од пошироката украинска кампања насочена кон руската нафтена и енергетска инфраструктура.

Според украински и руски извори, претходните напади веќе предизвикале проблеми во снабдувањето со гориво во одредени делови на Русија и на окупираните територии.

Крим е меѓу најпогодените региони. Таму, според медиумските извештаи, дел од бензинските пумпи добиле наредба да ја ограничат продажбата на гориво за цивилите поради зачестените напади врз енергетските капацитети.

Поврзани содржини